Реџепи се закани: Ако Владата не ни даде помош, ќе ги повлечам сите забрани за посета на џамиите

Поглаварот на Исламската верска заедница, реисот Сулејман Реџепи упати закана до вицепремиерот Бујар Османи и до владат дека ќе ги повлечат повиците за заштита од пандемијата ако на ИВЗ не и дадат помош.

Реџепи вели дека пратиле порака до Османи како координатор на кризните штабови да им го дадат нивниот дел од помошта. Тој додава дека досега немаат одговор од владата.

– Ќе пуштиме уште едно барање и ако не ни одговорат знаеме како да постапиме. Не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата. Ситуацијата ќе излезе од контрола и овде ќе стане Бангладеш, рече Реџепи.

https://www.facebook.com/nismaeshkupit/videos/1850064861795772/?t=1

Треба да знаете
Последни објави