– Поранешниот играч на Реал (Мадрид) и Баерн (Минхен), Ариен Робен откри дека неговата сопруга Бернадијан била болна од КОВИД-19, што било многу стресно.
– Беше многу застрашувачко. За среќа, таа се опорави. Имаше проблеми со дишењето и многу тежина во градите. Најинтересно е дека и јас и децата се тестиравме негативно. Можеби сме се разболеле порано и да не сме забележале. Среќен сум што работите не станаа полоши, рече Робен.