Бројот на починати од коронавирус во САД се искачи на 14.600 со што земјата се позиционира на второто место во светот по бројката на жртви, веднаш зад Италија.
Официјалните претставници ги предупредија Американците неделава да очекуваат алармантни статистики во поглед на пандемијата, иако референтниот модел на Американскиот универзитет ги намали проекциите за смртност за 26 проценти на вкупно 60.000.
Сепак, во вторникот беше забележан рекорден дневен број на смртни случаи во САД, повеќе од 1.900 починати за 24 часа.
На 20 март, државата Њујорк им нареди на сите свои граѓани да останат во домовите, освен оние вработени во виталните индустрии, а денес ваквата обврска важи за повеќе од 94 проценти од жителите на САД.