– Во Тирана пристигна помош од САД што се состои во заштитни средства за медицинскиот
персонал во борбата против коронавирусот.
Веста на Фејсбук ја објави министерката за здравство и
социјална заштита Огерта Манастирлиу која напиша дека
„добриот пријател се познава во тешки денови”.
„Благодарност до американскиот народ за помошта за
Албанија, што се состои во средства за лична заштита на
медицинските екипи на првата линија на соочувањето со
Ковид-19. Благодарност до амбасадорката Јури Ким. Заедно
сме во оваа војна” ,напиша Манастирлиу.
На Фејсбук се огласи и американската амбасадорка, која
напиша дека е горда за помошта што и се дава на Албанија
која е сојузник на САД.
„Горда сум што на терен го набљудував предавањето на
помошта, што е дел од Програмата за хуманитарна
асистенција на европската команда на САД, за нашиот
сојузник Албанија, за да му помогнеме на Министерството за
здравстсво во заштитата на здравствените работници кои се
во првата линија на соочувањето со Ковид-19,- напиша
американската амбасадорка во Тирана,Јури Ким.