АТС Грoуп“ ќе донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид 19 на Министерството за здравство, за потребите на јавниот здравствен систем во напорите за справување со вирусот Ковид 19.
Тестовите за Ковид 19 ќе бидат распределени во Институтот за јавно здравје на територија на целата држава, со што ќе се овозможи тестирање на поголем дел од населението.
Заштитните маски се транспортираат од Кина и во најскор рок ќе пристигнат во земјава.