Пред неколку дена, во едно место во Пакистан избила сериозна тепачка помеѓу лекарите и полицијата. Поточно, лекарите излегле на улиците за да го искажат своето незадоволство поради недостиг на медицинска опрема за време на пандемијата на коронавирус. На полицијата не и се допаднало тоа, па ги уапсила сите по ред.
Претставниците на Здружението на млади лекари, кои го организирале протестот, за локалните медиуми изјавиле дека најмалку 67 лица биле уапсени. Според нив, уапсени се лекарите кои први биле во борбата против коронавирусот.
Оние кои не завршиле зад решетки, утредента протестирале поради непочитувањето на нивните колеги.