Целиот свет зборува за документарецот „Тајгер Кинг“, па така веста за Џо Егзотик дошла и до Доналд Трамп.
Еден новинар го прашал дали го гледал документарецот и дали ќе го помилува Џо Егзотик,кој е осуден на 22 години затвор поради нарачување убиство на Карол Баскин, активистка за права на животните, по што неговиот син, Доналд Трамп Jуниор, се шегувал дека ќе лобира кај татко му за да го помилува Егзотик.
A reporter just asked if Trump would pardon Joe Exotic from Tiger King and Trump said, "I will take a look." pic.twitter.com/f0c0R8QmDy
— Caleb Hull (@CalebJHull) April 8, 2020
„Не знам ништо за тоа. Зошто доби 22 години? Што направи?“, Трамп најпрво прашал, на што новинарот му одговорил дека наводно го нарачал убиството на активистката, но дека Егзотик тврди дека не е виновен.
„Вие мислите дека не го сторил тоа? Дали сте на негова страна? Дали препорачувате помилување?“ го прашал новинарот, кој почнал да се брани дека не се залага за Егзотик.