ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат задолжителна употреба на маски и ракавици и масовно тестирање

Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните „Вашите проблеми, заеднички решенија – Ја сакам Македонија“, до партијата секојдневно пристигнуваат десетици сугестии, предлози и проблеми.

Граѓаните кои што се обратија до ВМРО-ДПМНЕ сугерираат и апелираат до власта дека мора да се спроведе масовно тестирање за корона вирусот, таканаречен скрининг. Многу држави во соседството и пошироко го прават токму ова. Словенија го употреби овој метод за сега да ги олабавува мерките за превенција на ширење на опасниот корона вирус. Поблагите мерки за заштита позитивно влијаат на економската состојба во државата. Македонија е пред економски колапс, велат тие, илјадници граѓани веќе останаа без приход и работа.

Уште еднаш граѓаните кои се обратија до нас побараа широка употреба на заштитни маски и ракавици. Тие повикуваат на секое семејство да му се додела ракавици и маски, а нивната употреба да стане задолжителна за сите. Како позитивни примери каде тоа е спроведено ја споменуваат Чешка, Хонг Конг и Јужна Кореја, држави во кои пандемијата на Ковид-19 е ставена под контрола.

Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите и натаму да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до zaednicki.resenija@vmro-dpmne.org.mk.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија.

Треба да знаете
Последни објави