– Вонредниот самит на Г-20 ќе се оддржи утре и ќе биде посветен на мерките за стабилизирање на нафтениот пазар, соопшти извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ) Фатих Бирол.
Средбата ќе се оддржи онлајн заради пандемијата од коронавирусот.
-На пазарот има огромен вишок, предизвикан од кризата со коронавирусот, посочува Бирол и додава дека неговото ниво се доближива до вредноста во која овој вишок ќе има сериозни последици за стабилноста на светската економија и за милиони вработени во нафтено-гасната иднустрија, додаде тој.
Главната задача на Г-20 е да ја гарантира и поддржува финансиската и економската стабилност на светскиот пазар на нафта, бидејќи тој во целост е дел од нејзините одговорности, подвлече Бирол.