– Претседателот на парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Рик Даемс, денес предупреди на опасноста од развојот на иновативни уреди за дигитално набљудување и следење со помош на лични мобилни телефони и сензори за близина, заснована на Блутут технологијата, јави дописникот на МИА.
-Сè додека не се вакцинираат доволен број на луѓе против овој коронавирус, ние мора да го ограничиме неговото ширење. Еден од начините е да се лоцираат и да се следат заразените лица и тие што се сретнале со нив. Но, ова има огромни последици врз приватноста и ќе бара строги регулативи за да се гарантира почитување на човековите права и владеењето на правото , рече Рик Даемс.
Според него, за среќа, има заеднички европски стандарди во оваа област. „Европската конвенција за човекови права бара мерките за набљудување да имаат правна основа и да бидат неопходни и сразмерни со нивната цел. Автоматското собирање, обработка и чување на податоците мора да ги исполнува стандардите на „Конвенцијата 108+”, што неодамна беше надградена. Државите мора да обезбедат исполнување на овие барања пред да се воведат мерки за следење и пронаоѓање и мора да изградат доверба кај јавноста уште од самиот почеток”, советива претседателот на ПССЕ.
-Исклучителните кризи оправдуваат исклучителни мерки, но тие мора да бидат ограничени на целта во однос на обемот и времетраењето и да ги почитуваат основните права. Со искоренување на злото, не смееме да ја отвориме вратата за орвелската иднина на постојан личен надзор, следејќи го секое наше движење за непознати и неоправдани цели “, заклучи Даемс.