Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, кој воедно го раководи и кризниот општинским штаб, побара од Владата одговор дали во општина Дебар по истекот на 3о дена ке остане прогласената кризна состојба или не.
-Одговорот треба да го дадат надлежните институции во земјава , бидејки тие се компетентни за тоа прашање ,, истакна на средбата со новинарите во Дебар градоначалникот Дука кој додаде дека до 11 април треба да се знае овој одговор .
Владата прогласи кризна состојба за општините Дебар и Центар Жупа на 13 март , бидејки во регионот беа регистрирани првите болни од Коронавирус во земјава и тоа прво во Центар Жупа и тоа две лица –сопружници кои биле вратени од Италија , а потоа и во Дебар .
Во Дебар по пети ден нема нови болни така што бројот на болните од Ковит 19 до денес е 49 од кои 4 веке починале . Во Центар Жупа по инфекцијата што ја имаа две лица , нема нови случаи на болни .