На 08.04.2020 во 09.10 часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека на кејот на реката Вардар бил пронајден починат Н.А.(54) од Скопје.
Според пријавеното, додека Н.А. трчал, му се слошило и паднал. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.