Кај 166 заболени од Ковид 19 не може да се најде изворот на заразата, не се планира масовно тестирање со брзи тестови

Кај 166 случаи заболени од Корона не може да се најде изворот на заразата, 74 се заразени лица кои дошле од странство, а кај 377 заразата се ширела локално во Македонија, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој повтори дека остануваат на истата стратегија,  односно дека нема да се врши масовно тестирање со брзи тестови.

-На тестирање за коронавирус да бидат подложени само оние пациенти што имаат симптоми, а да се следат нивните примарни и секундарни контакти, рече Филипче.

 

Треба да знаете
Последни објави