– Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски и неговата сопруга Ана, направија нова донација – овој пат од 200 000 злоти (околу 48 000 американски долари) во специјализирана болница за борба против коронавирусот во матичната земја, Полска.
„На одделот во болницата во Ланкут им требаат тие пари за да купат повеќе медицински материјали. Цените на заштитната облека се зголеми неверојатно, а нам ни требаат нови секој ден”, рече финансискиот директорна установата Урсула Тројнар.
На одделот во југоисточниот полски град се сместени 90 пациенти со коронавирус, а уште 200 може да се одведат во Ланкут. Од средината на март, болницата примила донации во висина од 1,3 милиони злоти.
Минатиот месец, семејството Левандовски објави дека донира 1 милион евра за борба против коронавирусот. Во моментов Ана е бремена со своето второ дете.