Моника Белучи откри дека поранешниот сопруг не ѝ помага за децата

Италијанската актерка Моника Белучи (51), која со години живее во Франција, во долго интервју откри што сè мора да прави во време на карантин за своите две ќерки.

Таа во моментот е во изолација поради пандемијата на коронавирусот и вели дека е единствената што се грижи за своите ќерки Деви (15) и Леона (9), за нивното училиште и за секојдневниот живот.

Таа сама се грижи за сите обврски во врска со децата бидејќи нејзиниот поранешен сопруг Винсент Касел (53) не е премногу заинтересиран за тоа.

Една од најубавите актерки на сите времиња живее со своите две ќерки во убава куќа со поглед на океанот на брегот на Франција.

Актерката открива дека не може да оди на плажа, но дека слободното време го поминува во својата градина.

Нејзиниот поранешен сопруг сега е оженет со француската манекенка Тина Кунаки (23), од која е постар 30 години.

Тој неодамна повторно стана татко и се пресели во куќа во близина на Моника.

Белучи во интервју рече дека нејзиниот свет се врти околу секојдневните обврски на ќерките.

Моника е тажна од сегашната состојба затоа што би сакала нејзиниот поранешен сопруг да посвети повеќе време на семејството бидејќи, според неа, тој не се грижи доволно за ќерките.

„Се надевам дека Винсент во еден момент ќе почне да се грижи за сето ова“, рече Моника во интервјуто и ова е нејзина прва забелешка на негова сметка во последните неколку години.

Треба да знаете
Последни објави