Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на справување со вирусот „Ковид – 19.
Денеска согласно владините мерки Општината објави Јавен повик за online работа за достава на неопходни прехранбени намирници од економски оператори и маркети кои работат на нејзината територија.
Сите заинтересирани може да се пријавуваат на електронската адреса: contact@kiselavoda.gov.mk, додека пријавата за јавниот повик, која е потребно да се пополни и испрати најдоцна до утре, до 12:00 часот може да ја симнат на следниот линк: https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/9-novosti/2671-online.
Во овие тешки времиња, со цел за успешно, побрзо справување со вирусот, Општина Кисела Вода замолува за почитување на мерките и препораките дадени од Владата и Министерството за здравство.
Ви благодарам за соработката, имајте убав ден.