Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи смета дека поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи не упатил закана кон Владата, туку легитимно барање кое треба да се разгледа, објави „А1он“.
Реџепи вчера во гостување на телевизиска емисија рече дека пратиле порака до Османи како координатор на кризните штабови да им го дадат на ИВЗ нивниот дел од помошта.
-Ќе пуштиме уште едно барање и ако не ни одговорат знаеме како да постапиме. Не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата. Ситуацијата ќе излезе од контрола и овде ќе стане Бангладеш, рече Реџепи.
Османи за „А1он“ вели дека Реџепи му се обратил нему со барање, бидејќи претходно, вицепремиерот барал од ИВЗ да ги затвори џамиите поради пандемијата со коронавирусот.
-Мислам дека изјавата е извадена од контекст. Не треба да правиме драма од тоа што тие бараат помош, бидејќи секој во овие услови е оштетен. Во редовна комуникација сум со поглаварот. Бидејќи јас побарав од нив да ги затворат џамиите во текот на пандемијата, тие ми се обратија
мене. Основен извор за финансирање на ИВЗ се донациите за време на празникот Рамазан. Нивниот став е дека доколку тие не работат сега,нема да можат да исплатат плати на имамите, оџите и тн. Тоа е ист проблем како на рестораните, кои велат дека ќе ги отпуштат вработените,
вели Османи за „А1он“.