Американката Линда Трип, која тајно ги снимаше разговорите на поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата соработничка Моника Левински и ја откри нивната афера, почина на 70-годишна возраст, објави нејзиниот адвокат.
Трип стана позната на јавноста во 1998 година, кога во процесот на отповикување на Клинтон приложи снимки од неговите разговори со Левински, кои станаа главен доказ за случајот.
За време на скандалот таа беше државна службеничка, а од 1994 година работеше за Пентагон. Во јануари 2001 година ја загуби работата во Пентагон и речиси 100.000 американски долари годишна плата кога стапи на сила администрацијата на Џорџ Буш.
Потоа, Трип го тужеше Министерството за одбрана, тврдејќи дека официјален претставник на Пентагон во 1998 година му дал на Њујоркер доверливи лични информации за неа и како дел од спогодбата постигната кон крајот на 2003 година, добила повеќе од 595.000 американски долари ретроактивно, унапредување и поголема плата за последните три години работа.