На 08.04.2020 во 09.10 часот на патот за с.ело Кнежје, светиниколско, при преземање на службени дејствија, а поради констатиран прекршок, Х.С.(30) не ја почитувал наредбата за запирање и со патнички автомобил „венто“, со светиниколски регистарски ознаки, го прегазил полицискиот службеник во пределот на ногата и се оддалечил од местото.
Х.С. бил лишен од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.