Светската здравствена организација порача дека не е време за намалување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, туку дека треба и двојно и тројно да се зголемат напорите за да се победи епидемијата.
– Иако има позитивни знаци во Италија, ситуацијата е сè уште многу загрижувачка. Заразата се уште се шири во Европа, со што вкупниот број потврдени случаи утрово изнесува 687.236 лица, а 52.824 починати, рече Ханс Хенри Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
Половина од лекуваните од коронавирус во Италија, откако започна епидемијата, се излекуваа во последните десет дена од почетокот на епидемијата. Само во последните 24 часа се излекувани 2.099 лица, што е рекорден број за еден ден, најмногу досега. Вчера се тестирани 51.000 луѓе, од кои само 7,4 проценти биле позитивни.
Во изминатите 24 часа во Италија има 1.195 новозаразени лица, а вкупниот број изнесува 95.962 лица.