Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека посакува со „биг бенг” да ја рестартира американската економија, но дека претходно е потребно да се намали стапката на смртност од коронавирусот.
На редовниот брифинг за новинари во Белата куќа, Трамп објави дека Центарот за контрола на заразни болести ќе издаде упатства што ќе им овозможат на работниците во клучните инфраструктурни проекти, кои оздравеле од вирусната инфекција, да продолжат да ги вршат своите работи.