Владата информира кои институции даваат дозволи во услови на ограничено движење на граѓаните на целата територија на државата и за кои категории на граѓани.
Во категорија на дозволи кои ги издава МИОА се опфатени:
• Претставници на институции за кои со одлука на Кризниот штаб на Влада е утврдено дека имаат потреба да се движат во време на забраната за движење
• Дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен
• Вработени во мали пекари/бурекчилници (најмногу до 5 вработени) со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие
• Дежурни вработени во погребални претпријатија
• Лица кои се грижат за лица кои имаат потреба од нега од друго лице-трето лице (со соодветна медицинска документација)
• Одредени категории на земјоделци, по одлука на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Подрачните единици на МЗШВ се одговорни за подготовка на список на земјоделци
Сите дозволи што ги обезбедува МИОА, се достапни преку порталот за uslugi.gov.mk.
Барањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурекчилници, погребални претпријатија, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени.
Барањето за дозвола за движење за лицата кои се грижат за трето лице, го поднесува лицето кое ја врши негата.
Во категоријата дозволи за движење со јавување во МВР на 192 влегуваат:
• Вработени во агенции за обезбедување и чуварски служби
• Вработени во сервисни компании (ЕВН, телекомуникациски и кабелски оператори, јавни и комунални претпријатија)
Општинските кризни штабови даваат услуги за:
• Достава на храна и основни продукти (ресторани и маркети)
Во отстапките за ограничено движење влегуваат вработените во компаниите за кои дозволи за движење ги издава работодавачот, и тоа:
• Компании кои имаат регистрирано работа во трета и/или четврта смена во Државен инспекторат за труд
• Медиуми кои имаат дежурни вработени за кои не е потребна работа на терен (движење од домот до работното место и назад)
• Градежни компании за вработени кои се ангажирани за работа на објекти
• Компании кои работат за време на викенд
Со оваа мерка се опфатени и категории на граѓани за кои не е потребна дозвола за движење, и тие се однесуваат на:
• Превозници со товарни возила
• За потреба на достава на стока (со соодветна документација)
• Прошетка на домашни миленичиња (во дозволените периоди и во непосредна близина на домот)