Во Албанија,изминатите неколку денови опаѓа бројот на новозаразени од Ковид-19. Во последното деноноќие регистрани се девет новозаразени,со што вкупната бројка сега изнесува 409 лица.
-Во последните 24 часа извршени се 234 тестирања при што само девет од нив се со позитивен резултат. До сега тестирани се вкупно 3.223 сомнителни случаи, а Ковид-19 е дијагностициран кај 409 од нив. Од заразените 53 отсто се мажи. Излекувани се вкупно 165, додека за жал битката со коронавирусот ја изгубија 22 лица,изјави Ровена Даја од Институтот за јавно здравје.
Информираше дека моментно во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи” се наоѓаат 58 пациенти, од кои10 се на интензивна терапија а четворица се интубирани.
Даја апелираше до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораките,посебно одржувањесоцијална дистанца, избегнување групни собирања и како и домашни посети.
Како што вчера изјави премиерот Еди Рама намалувањето на бројот на заразени последните денови доаѓа благодарение на засилените мерки и отпорот на граѓаните. Ова е индикација дека се прави вистинската работа и ако продолжи вака, според Рама, Алабанија ќе излезе победник многу побрзо од другите земји.