– Во Крушево денеска продолжи дезинфекцијата на здравствениот дом, полициската станица, противпожарната единица, банките и поштата. Ова е трета фаза на дезинфекцијата во оваа општина, а според најавите, ќе се продолжи и во наредниот период.
Од денеска започнуваат со работа и осумте лица ангажирани за помош на стари и изнемоштени и лица со посебни потреби. За нив е обезбедена неопходна заштитна опрема.
Оваа активност општината ја спроведува заедно со Програмата за развој на Обединетите Нации.
Досега, во Крушево има три случаи позитивни на корона вирусот.