Над стотина случаи на инфекција со коронавирус се потврдени во старски дом во Будимпешта, изјави на прес-конференција главната унгарската здравствена функционерка, Сесилија Мулер.
Домот за стари и изнемоштени лица, во сопственост на градот Будимпешта, може да смести 544 луѓе, според информациите објавени на неговата официјалната веб-страница.
„Истрагата продолжува“, рече Мулер на прес-конференцијата.
„Јас лично ќе го посетам објектот бидејќи сметам дека е неопходно да се следат интензивните напори што ги прават сите засегнати страни за да се спречи ширењето на вирусот во таа институција“, додаде таа.
Мулер нагласи и дека неколку постари лица биле заразени во друг дом во Будимпешта, но таму бројот на инфицирани бил едноцифрен.
Според Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во Унгарија од коронавирус се заразени 980 луѓе.