Кај 166 случаи заболени од Корона не може да се најде изворот на заразата, 74 се заразени лица кои дошле од странство, а кај 377 заразата се ширела локално во Македонија, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Тој повтори дека остануваат на истата стратегија, односно дека нема да се врши масовно тестирање со брзи тестови.
-На тестирање за коронавирус да бидат подложени само оние пациенти што имаат симптоми, а да се следат нивните примарни и секундарни контакти, рече Филипче.