Пет ракети утрово погодија американска база во Авганистан, соопштија двајца претставници на американските сили. Во нападот, за кој одговорноста ја презеде терористичката Исламска држава, нема жртви.
– Пет ракети се истрелани на базата Баграм ова утро, соопшти претставникот на мисијата „Одлучна поддршка” во Авганистан.
нападот се случи откако авганистанската Влада ги ослободи талибанските затвореници од затворот близу Баграм, како дел од мировниот договор склучен со САД.