Во последните 24 часа во Хрватска потврдени се 64 новоинфицирани лица од коронавирусот, 40 се излекувале, а едно лице починало, соопштија од Националниот штаб за цивилна заштита. Во последното тестирање биле опфатени 555 лица, а вкупно досега оваа процедура ја имаат поминато во земјата 13.680.
Вкупниот број на заразени лица од коронавирусот во Хрватска е 1.407 инфицирани, а бројот на починати од почетокот на пандемијата се искачи на 20 лица, додека болеста ја победиле 219.
-На респиратони машини имаме приклучени 34 заразени лица од 326 хоспитализирани, додека во своите домови се третираат 842 пациенти – изјави Вили Берош министерот за здравје во Хрватска.