Од земјите во регионот, во Србија се потврдени најголем број случаи на коронавирус, додека во Црна Гора најмалку. Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани само три нови случаи, со што вкупниот број се искачи на 252.
Бројот на заболени од коронавирус во Србија се искачи на 2.867. Во последните 24 часа потврдени се 201 нов случај од 2.867 тестирани. Од вирусот регистрирани се 66 смртни случаи, а околу 75.000 луѓе се во самоизолација. Просечната возраст на починатите е 64, 6 години.
До 8 април се тестирани 12.374 луѓе. Најголем број заболени има во Белград. Во Србија хоспитализирани се 1.891 пациент.
Во Хрватска за 24 часа се потврдени 64 нови заразени, 40 лица оздравеле, а едно лице починало од коронавирус. Вкупниот број на потврдени случаи е 1.407. Вкупно се направени 13.680 тестови, а во последните 24 часа 555.
Последната жртва е повозрасен маж кој имал други болести. Во Хрватска починаа вкупно 20 луѓе од Ковид-19. Вкупно закрепнале 219 луѓе. Хопитализирани се 326 пациенти.
Во Босна и Херцеговина се регистрирани 842 случаи на Ковид-19, а бројот на починати е 35.
Во Словенија потврдени се 1.091 случај, 40 смртни случаи, а тестирани се 29.455 луѓе.
Во Албанија се регистрирани 17 нови случаи, а вкупниот број на заболени достигна 400. Починале 22 лица, а излекувани се 154.
Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 30 нови случаи на заболени од Ковид-19, а вкупниот број е 611. Излекувани се 48 лица, а починале 24 пациенти. Просечната возраст на починатите е 62 години.