Забрчанец на Топ тема: „Мерките важат за сите граѓани вонредната состојба не смее да ги дели и не ги дели граѓаните по ниту еден основ, од тука мерките важат за сите и за политичарите, од она јас што ги имам како информација од она што сум го сведочел што сум го гледал, политичарите, членовите на Владата вклучително тука и лидерот на СДСМ Зоран Заев ги почитуваат мерките, зборувам за сите мерки кои се однесуваат на физичкото растојание кое што е неопходно, мерки за заштита во смисла на редовна дезинфекција во сите објекти во кои што контролираат или кординираат институциите тие мерки и тоа како се запазуваат, верувам во она што го кажуваат и самите медиуми дека и во телевизиските куќи е така а веќе се забележува во секој јавен објект во секој супер маркет веќе се применуваат таквите мерки од тука не може да се каже дека не се почитуваат мерките, оние забрани кои што се воведени ги почитуваат и претставниците на институциите, посебно оние кои што имаат посебни дозволи за да може да се движат и во време на полициски час со цел извршување на своите службени задачи коишто се во функција на заштита на населението од корна вирусот…