Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук ја потврди информацијата од министерот Венко Филиче дека е во самоизолација.
-Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори.
https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158496285717932?__xts__%5B0%5D=68.ARD5yBGety53to981ImUcUSFUJNmxUs6xfa0gSLQCbJNjy4l6wv_8LiLLEnSu-I8dB-RBm4_Yl56OVcS85IOBNq_1QxZr-O8WiM-ERnqE-4K-i6w4pN8Bn4gg4NwRd7AZ_Z-ourTCjuW5CHbJEFSf7u-IgRw5FAEW0vVF7x4lJv_Vxkj7DPPyYP-FguOMqCaklc1wkVeu3eYZcd7I7Tl8WWd-sx6jnefYd8T-thNN3dApzDgK6Ukt1Y2ufySEii3BLuzEaOdsKvp_KOBVRPx9XSXEM50os51k-ifyfS4fZNPkT63S0aOh-MnOogSdIq4Jq2yjdHUSEiL6A&__tn__=-R