Новинарот Михајлоски се заразил со коронавирус од заболен член на фамилијата

Уредникот во телевизијата „Канал 5“, Гоце Михајлоски, кој е заболен од коронавирус во неговата блиска фамилија имал член кој е позитивен на коронавирусот, потврди директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова.

-Споменатото лице е хоспитализирано во „8 септември“ каде е потврден позитивен наод на коронавирусот. Да, во блиска фамилија на споменатото лице има член кој е позитивен, новинарот имал контакт со тој член на неговата фамилија. За детални информации, кој и каде ќе биде ставен во самоизолација, ќе биде донесена одлука откако ќе заврши епидемиолошката анкета која е во тек“, рече Бухова.

„Канал 5“ веќе објави дека Михајлоски по враќањето од Прилеп, продолжил со работа во дневно-информативната редакција, без никакви елементарни сомнежи ниту симптоми. Првите симптоми , според телевизијата, кај колегата Михајлоски се појавиле по шест дена, односно на 5 април. Михајлоски почувствувал изнемоштеност, замор и главоболка, по што веднаш околу 17 часот го напуштил работното место. Дотогаш, како главен и одговорен уредник на телевизијата, имал контакти со скоро сите новинари, односно репортери.

 

Треба да знаете
Последни објави