Почит за новинарите – Тие се хероите кои навремено не информираат, побрзо закрепнување за новинарот заразен со Ковид-19

ВМРО-ДПМНЕ оддава огромна почит за сите медиумски работници, кои во овие тешки денови се во 24 часовна готовност за навремено да не информираат за состојбите со коронавирусот, кај нас и во светот.

Медиумските работници се хероите кои го одржуваат системот во функција.

Му посакуваме на новинарот кај кого е дијагностициран коронавирус брзо закрепнување. На другите новинари им посакуваме добро здравје.

Воедно информираме и дека претседателот Христијан Мицкоски е негативен на коронавирусот, но се наоѓа во самоизолација и така и ќе остане до завршување на периодот од 14 дена.

Сите лица кои имале контакт со него се тестираат и се преземаат сите неопходни мерки.

Здравјето пред се!

Треба да знаете
Последни објави