Фото: Дирекцијата за заштита и спасување гасеа пожар со авиони кај Бањани

Денес, 10.04.2020 г, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување учествуваа со воздушна поддршка во справување со пожарот кој се појави во Општина Чучер Сандево кај с.Бањани близу манастирот. Со 6 налети на авионите беа исфрлени 15.000 литри вода со што пожарот беше ставен под контрола. Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните на совесно однесување и заштита на шумите.


Треба да знаете
Последни објави