Треска, замор, сува кашлица и останување без здив се некои од најчестите симптоми на болеста Ковид-19, но тие не се доволни за да потврдат инфекција на коронавирус. Тоа може да се утврди само со тест.
Сепак, подмолниот вирус, познат како САРС-КоВ-2, може да предизвика и други симптоми кои би можеле да ги предупредат лекарите дека нешто не е во ред, пренесува „Њујорк пост“.
Националната унија на дерматолози-венеролози (СНДВ) во Франција откри дека тие идентификувале нов симптом што предизвикува коронавирус, а е поврзан со промени на кожата.
Манифестациите на кожата, вклучително и појава на смрзнатини, исип и постојана црвенило, се поврзани со Ковид-19, пренесува „Ле Фигаро“.
Националната унија на дерматолози-венеролози открива дека анализата на многу случаи на пациенти со заболување Ковид-19 покажува дека овие кожни манифестации можат да бидат поврзани со новиот коронавирус“, се вели во соопштението.
Лекарите ги советуваат пациентите да се консултираат со својот лекар во случај да забележат такви симптоми.