Шестмина чувари од „Шутка“ во самоизолација, притворениците фрлале пластични чинии

Шестмина чувари, кои биле во контакт со притвореникот и биле таму кога се констатирала смртта, веднаш по добивањето на резултатите се испратени дома во изолација и ќе се тестираат, а брисеви им се земаат и на притворениците кои биле во исто одделение, изваиле од Управата за извршување на санкции за „360степени“.

Ситуацијата во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е редовна и е ставена под контрола, велат од Управата за извршување санкции откако се појави видео дека притвореници во револт и паника фрлале чинии од прозорец по сознанието дека кај починат притвореник постхумно е утврдено дека има коронавирус.

-Тоа се случило вчера, но веднаш потоа состојбата е ставена под контрола и е редовна. Станува збор за фрлени пластични чинии кои им припаѓаат на затворениците, за кои им е дозволено да ги имаат во нивните простории, не се чиниите од затворот, велат од Управата за „360 степени“.

Треба да знаете
Последни објави