Се е уште е активен шумскиот пожар што вчера попладне избувна на Скопска Црна Гора, помеѓу селата Блаце и Горно Блаце, информира за МИА Владимир Симоновски, командант на скопската Противпожарна бригада.
Симоновски информира дека пожарот, во којшто е зафатена мешана шума, во моментов го гаснат 18 вработени во шумското стопанство „Караџица”.
-Пожарот е на многу непристапен терен. Ќе се следи ситуцијата. Доколку има потреба во текот на денот ќе се вклучиме и ние и евентуално хелихоптери за негово гаснење, рече Симоновски.
Во текот на вчерашниот ден екипи на Противпожарната бригада биле на терен и учествувале во гаснење на пожарот.
Засега нема информација која е причината за избувнување на пожето. Се претпоставува дека шумата ја имаат запалено дрвокрадци.