Албанската Православна црква донираше заштитни средства за полицијата

Албанската православна афтокефална црква донираше за припадниците на полицијата во Тирана заштитни средства и дезинфекциски средства,солидаризирајќи се со оние кои се на првата
линија на битката со опасниот Ковид-19.

Донацијата се состои од 1.000 маски,исто толку ракавици,како и 110 литри средство за дезинфекција.

-Сакавме тоа да го сториме и порано,да ги заштитиме полициските службеници,но сега тоа успеавме да го обезбедивме. Вие сте на првата линија на фронтот. Секојдневно се молиме за вас. Господ нека ве просветли и зајакне, изјави отец Асти Бакалбаси.

Директорот на полицијата во Тирана, Ребани Јаупи, се заблагодари на п равославната црква  додавајќи дека  на полицијата во моментот и треба поддршка.

-Ви благодариме за овој придонес и што не ставивте на списокот на приоритети, бидејќи вашата вистинска мисија е да им помогнете на луѓето кои имаат потреба. На полицијата и е потребна поддршка во оваа ситуација, бидејќи ние сме на првата линија на борбата против овој невидлив непријател. Би сакал преку Вас да испратам порака до сите граѓани во овие тешки денови да продолжат строго да ги почитуваат сите препораки и мерки на Владата и медицинските работници. Вашиот гест на солидарност и подршка ни ја стопли душата, рече Јаупи

Треба да знаете
Последни објави