Антикорупциската комисија по завршувањето на денешната седница информира дека продолжува по нејзиното постапување по предмет оформен по пријава со наводи за сомневање за незаконски постапувања на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.
За Реџепи веќе е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство, бидејќи, според сознанија на луѓе во ИВЗ, а како што стои во пријавата, тој незаконски ги трошел парите на верниците. По истиот предмет сега постапува и Државната комисија за спречување на корупцијата.
Освен ова, а во контекст на трошењето на парите на ИВЗ, пет години Исламската верска заедница немала поднесено финансиски извештај за своето работење до Управата за јавни приходи.