Бела Хадид се гушка и медитира со својот коњ

Таа е во самоизолација среде светската криза предизвикана од новиот коронавирус, а овој период реши да го помине на ранчот на мајка ѝ во Пенсилванија.

А таму, Бела Хадид има сигурен придружник, нејзиниот коњ, кој ѝ помага да медитира.

23-годишната манекенка во четвртокот сподели видео за своите 29 милиони следачи на Инстаграм и се чини дека ужива во мирот и тишината.

Бела порасна со јавање и за малку не учествуваше во коњички натпревар на Олимписките игри во 2016 година, кога беше во полн погон.

Треба да знаете
Последни објави