Брус Вилис времето во изолација го поминува со неговата поранешна сопруга и нивните три ќерки, од кои едната покажа дека нејзиниот татко ѝ ја избричил главата.
На снимката што ја објави 26-годишната Талула на Инстаграм се гледа 65-годишната холивудска легенда како ја бричи главата на својата ќерка со електричен апарат во бањата. Многумина забележале дека токму таква фризура во 1997 година носела нејзината мајка Деми Мур заради снимањето на филмот „Г.И. Џејн“.
„Изгледаш како Јованка Орлеанка“, се слуша Румер (31) на снимката.
Талула ја покажа својата нова фризура и кога топлес ѝ позираше на својата сестра.
Не е првпат Талула да ја избричи главата за да изгледа како Г.И. Џејн. Истото го стори и во 2016 година. „Всушност, ја гледав Г.И. Џејн два дена пред да ја избричам главата“, изјави тогаш за „Најлон“.
Талула прва откри дека се изолирала со своите родители. Поранешната двојка, која се разведе во 2000 година, очигледно е во добри односи, а неодамна се прегрна за да се фотографираат и тоа во исти пижами.