Во Германија за еден ден над 4.000 заразени со коронавирус

Во Германија за еден ден заразени се 4.155 лица, со што бројот на инфицирани со новиот коронавирус  веќе достигна 112.348 лица.

Досега, во земјата регистрирани се вкупно 2.292 смртни случаи од вирусот.

Епицентарот на епидемијата на коронавирусот во Германија се провинциите Баварија, Северна Рајна-Вестфалија и Баден-Виртемберг.

Треба да знаете
Последни објави