Во Црна Гора забранета употребата на апарати за кафе

Во Црна Гора, заради спречување на ширењето на коронавирусот, забрането е користење на сите автомати за кафе. Оперативниот штаб за поддршка на економијата соопшти дека е забранета работата на сите кафемати и апарати за подготовка на кафе и други пијалоци.

„Надлежните инспекторати ќе вршат контрола за почитување на овие забрани и доколку утврдат дека машините за кафе се во функција, ќе преземат мерки за забрана за работа  на објектот и ќе покренат постапка за одземање на дозволата за работа”, се наведува во соопштението на Министерството за економија.

Треба да знаете
Последни објави