Грабеж во Мексико: Разбојници украле злато од рудник и избегале со авион

Мала група вооружени разбојници украле досега непознат број на шипки од легура на злато и сребро од рудник во пустина во северниот дел на Мексико, а потоа со мал авион избегале во далечните планини.

Грабежот на рудникот „Мулатос“ во Суарипа се случил во време кога работниците на компанијата „Минас де оро насионал“, мексикански огранок на канадската фирма „Аламос голд“, ги подготвувале шипките за транспорт на авионска писта во рамките на рудникот.

Одеднаш се појавила група од пет вооружени лица и ги задржала припадниците на обезбедувањето, а наскоро потоа слетал и мал авион  на пистата, пренесува „Асошиејтед прес“.

За помалку од десет минути, авионот во кој се наоѓале разбојниците и вредниот товар полетал кон планините, а властите сега бараат тајни аеродроми во областа за да го пронајдат леталото.

Треба да знаете
Последни објави