– Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари попладнево оствари координативна средба со припадниците на полицијата и армијата.
– Штотуку ја завршив средбата со началниците на полицијата и командантот на касарната во Кичево, каде што ги координиравме активностите во текот на полицискиот час од денес до понеделник во 5:00 часот наутро, посочи Дехари.
Тој додаде дека граѓаните треба да знаат дека тие ќе бидат на должност и со зголемена будност внимателно ќе ја следат ситуацијата.
– Ќе дадеме се од себе за да се справиме со ситуацијата и да ве поддржуваме во секој аспект. Истовремено ние ќе продолжиме со дезинфекцијата на јавните места непрекинато, заедно можеме, истакна градоначалникот на Општина Кичево.