Државната комисија за спречување корупција врз основа на добиени сознанија одлучи да отвори предмет по сопствена иницијатива во врска со наводи за сомневање за незаконско постапување на надворешниот соработник за прашања од областа на спортот на претседателот на Владата, Даниел Димевски.
Тој во својство на надворешен соработник и управител на правното лице „Турд олимпик“ ДОО Скопје стекнал својство на закупец на СРЦ „Кале“. На тој начин, според Комисијата, во улога на надворешен соработник остварил приватни интереси со што го оштетил буџетот на РСМ.