Забрчанец: Со полицискиот час не ја загрозуваме слободата, туку го спречуваме ширењето на вирусот

 Марјан Забрчанец, национален координатор за стратегиски комуникации на гостувањето во емисијата „Еуро фокус“ на телевизија Телма зборуваше и за тоа дека воведениот полициски час во текот на целиот викенд нема да значи прекршување на слободите и правата на граѓаните. „Доаѓам од Влада која нема намрра да ускратува слободи на граѓаните, туку има намера да го штити нивното здравје. Ние имаме системи за транспаретност, така е и сега во време на вонредна состојба. Постојано сме во комуникација со медиумите, имаме нова страница за корона вирусот, имаме пресови, соопштенија…. На ниво на цела Европа, има држави кои воведоа целосна забрана за движење, освен одење во продавница. Кај нас мерките одат постепено. Нашиот полициски час е раширен овој викенд на подолго. Целта не е да го забраниме движењето, туку ширењето на вирусот. Стравувања кај нас не треба да има дека ќе биде загрозена нечија слобода. Имаме начин како да обезедиме алтернативно функционирање, без да се загрозат основните човекови права.“- изјави Забрчанец. Тој дополни дека има опозиција во владата која е контролен механизам, има медиуми кои постојано ја следат работата на институциите, има интернет медиуми, социјални медиуми, и сите тие ја следат работата на владата. „Ние сме во ситуација кога не функционира парламентот. Затоа мораме да одиме со уредби со законска сила. Вонредната состојба е воведена од страна на претседателот. Но, во вонредната состојба ние постепено воведуваме мерки и забрани, и тоа зависи од одењето кон пикот на вирусот. Но, полека одиме натаму да се укинат мерките и забраните.“- изјави Забрчанец
Забрчанец додаде: Да го чув Бибер и ја прочитав неговата колумна со која што со право укажува на можна загриженост по однос на ризиците за намалување или за загрозување на демократиите особено за земји од Западен Балкан , јас веднаш да кажам дека тоа кај нас нема да се случи тоа можам да го гарантирам тоа бидејќи доаѓам од институција која што е демократска доаѓам од Влада која што нема да ускратува слободи доаѓам од Влада која што има намера да го штити здравјето на граѓаните, тоа сме го покажале во овие 3 години оваа влада покажа дека е многу отворена и воведе механизми и системи за транспарентност, тие системи за транспарентност функционираат и сега во вонредна состојба…. “
Треба да знаете
Последни објави