Заев и Мицкоски во самоизолација, новинар што ги интервјуирал има Ковид19

Телевизиски новинар кој имал тв интервјуа со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски е позитивен на коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче во вонредното обраќање до јавноста.

Поради тоа двајцата лидери се во самоизолација. Тестот покажал дека Мицкоски е негативен, а за Заев се чекаат резултатите.

-Резултатот на Мицкоски кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до тестот на 14 дена од последниот контактот со заболениот. Во овој момент нема потреба од посебни епидемиолошки анкети. Резултатот на претседателот на СДСМ Заев со оглед на тоа што тој синоќа вече беше заминат за Струмица ќе биде готов во текот на денешниот ден, но и тој веднаш по информациите е ставен во домашна изолација, рече Филипче.

Новинарот е во стабилна здарвствена состојба и е на лекување во болницата „8 Септември”.

Во текот на денот ќе се баправат анекти и со точниот наод и бројката на лица кои ќе одат во самоизолација ќе оценат епидемиолозите, рече Филипче и најави повече информации на следната прес-конференција во текот на денот.

Треба да знаете
Последни објави