Казни за четворица штипјани, и по тројца тетовци и гостиварци за Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија

Основното jaвно обвинителство Штип поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои не ги почитувале здравствените прописи и го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети во одделни кривично правни настани пеш се движеле низ градот иако во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Република Северна Македонија за да се сузбие ширењето на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот.

Обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот на обвинетите да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност. ​​

Основното jaвно обвинителство Гостивар поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози за три лица кои не ги почитувале здравствените прописи и го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Едно од обвинетите лицa, како сопственик на угостителски објект во с. Г.Речица, гостиварско, на 8 април бил затекнат како послужува повеќе гости во внатрешноста на објектот. Со тоа , лицето не постапило согласно на мерките и препораките од Владата на Република Северна Македонија за сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот.

Другите обвинети, со возило или пеш во одделни кривично правни настани се движеле низ градот иако во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Република Северна Македонија.

Обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот на двајцата обвинети да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби. ​​

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлог за издавање казнен налог против три лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Тројцата обвинети на 8 април биле затекнати надвор од нивните домови за време на полицискиот час, со што не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинителството на Основниот суд Тетово му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби​

Треба да знаете
Последни објави