Постарите лица, кои во моментот се сместени во старскиот дом Round Rock Senior Living во Тексас, имаа можност да го запознаат Метју и плус да играат бинго со него.
Познатиот актер водел неколку рунди бинго по што сите постари луѓе се чувствувале одлично бидејќи сите излегле како победници во играта.
Метју Меконахи помогна да се подигне духот на жителите на старскиот дом, кои со недели се во карантин поради пандемијата на Ковид-19.
„Дали некогаш сте играле виртуелно бинго со Метју Меконахи?“, прашаа од оваа институција на нивниот фејсбук-профил.
На Меконахи му се придружи и сопругата Камила, како и мајка му Кеј и двете од нивните три деца, и сите тие ги бодреа и ги скандираа броевите и имињата на победниците преку апликацијата „Зум“.
Ова не е првпат Метју да се вклучи во добротворни активности и тој е познат како голем филантроп.